сабота, 7 февруари 2026

Српската полиција се огласи за исчезнатото момче од Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Милош Станимировиќ од одделот за потраги на српската полиција кажа за РТС дека на дневно ниво добиваат десетина пријави или дојави дека Матеј Периш е некаде виден.

„Апсолутно сме должни да реагираме на секоја пријава. Ние секоја дојава ја проверуваме. Значи, ако се јави дека Матеј е виден на одредена локација, ние вршиме теренска проверка, се врши разговор со повеќе лица, но досега немаме никакви нови сознанија на таквите дојави“, објасни Станимировиќ.

Додаде дека по Матеј се трага од денот кога е поднесена пријавата за неговото исчезнување.

„Од денот кога е поднесена пријавата за исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш се трага по него. Утврдена е трасата на движење, како на самиот Матеј така и на друштвото со кое тој дошол во Белград, од Загреб до Белград. Извршени се теренски проверки на апартманот во кој тие престојувале, местата кои ги посетувале и кафулето“, кажа Станимировиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ