недела, 8 февруари 2026

Што значат ознаките Z и V на руските воени возила (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Уште од тогаш светот е заинтересиран зошто на возилата со бела боја е испишана буквата „Z“, која понекогаш се наоѓа во круг или триаголник.

За значењето на симболот има повеќе толкувања.

Некои операцијата ја нарекуваат „Операција Z“, според ознаката на тенковите и другите возила. Сметаат дека тоа е полуофицијален назив кој Русите го одбрале за својата операција.

Едно од објаснувањата беше дека ознаките означуваат каде воените единици на Русија се упатиле непосредно пред распоредувањето.

Меѓутоа, сега има и официјална причина за употребата на симболите на возилата.

Како што објасни министерството за одбрана на Руската Федерација на 3 март, ги избрале латиничните букви Z и V на своите возила со специфична причина.

Според руското министерство, буквата „Z“ значи „За победа“, а буквата „V“ – „Силата е во вистината“ и „Задачата ќе биде исполнета“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ