„Одам на фронт и сум подготвен за секаква репресија. Јас сум чесен и пристоен човек. Посрамен сум, а моето достоинство не е заштитено, и покрај фактот дека сум во Киев од 24 февруари 2022 година. Не сакам да му создавам проблеми на Зеленски – одам на фронт“, изјави Јермак.
Поранешниот функционер не прецизираше во која единица планира да служи или кога точно ќе биде распореден во борбена зона.
По неговата емотивна порака, тој престана да одговара на повици, наведува Украинска правда.
Оставката на Јермак ја објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на 28 ноември.
Тоа се случи по претресот спроведен истиот ден од страна на вработените во Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) во станот на Јермак, како дел од истрагата за корупција.






