недела, 8 февруари 2026

Шефот на дипломатијата на Луксембург кажа дека Русите треба „физички да го елиминираат“ Путин, па се извини

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор за државното радио Аселборн изрази жалење за тоа што до руските граѓани не доаѓаат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.

„Кога рускиот народ би видел што Путин прави во Украина, колку Украинците се плашат и колку човечки животи би можел да има на совеста, тогаш би го урнале Кремљ“, кажа Аселборн.

„Тоа можеби е сè што може да се посака, тоа Путин да биде навистина физички елиминиран за сето тоа да сопре“, додаде.

Подоцна за Франс прес Аселборн се извини и кажа дека „тоа го кажал под влијание на емоциите“, бидејќи западни дипломати непосредно пред тоа го известиле дека руската војска напаѓа цивили во Украина спротивно на тврдењата на Кремљ..

„Дури и по 18 години како шеф на дипломатијата, не можам да ги потиснам емоциите и моето чувство за правда, пред такво немерливо човечко патење на невини луѓе. Изјавата беше грешка, но и издувен вентил, во обид да се справам со ситуацијата. Ги прифаќам критиките, на место се. Нема да ја закопам главата во песок“, кажа Аселборн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ