недела, 7 декември 2025

Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на парализата на буџетот која веќе рекордни 40 дена блокира дел од јавните служби, објавија неколку медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, објавија Си-ен-ен и Фокс њуз.

Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка на доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. Доколку Претставничкиот дом исто така го прифати, предлогот ќе биде испратен до Доналд Трамп за потпис.

Чекорот напред води кон нормализација на ситуацијата, со оглед на тоа што функционирањето на воздушниот сообраќај и исплатите на социјална помош во моментов се во прекин, а стотици илјади вработени се на технички штрајк или работат без плата од 1 октомври.

„Можеме да кажеме дека се приближуваме кон крајот на блокадата на владата“, им рече претседателот Доналд Трамп на новинарите, кој се врати во Белата куќа по викендот поминат во неговата резиденција во Флорида.

Според пратениците, договорот треба да овозможи продолжување на исплатите на социјална помош за 42 милиони Американци кои беа прекинати поради блокада на буџетот, враќање на работа на илјадници владини службеници и исплата на плати, како и гласање за продолжување на програмата за здравствено осигурување што истекува на крајот од оваа година.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека жали што здравствената заштита била предмет на гласање, а не на директно одобрување. „Таа борба ќе мора да продолжи“, рече тој во Сенатот.

Поради буџетската парализа што влијае на контролата на летот, повеќе од 2.700 летови беа откажани, а 10.000 одложени во САД во неделата, објави Флајтауер. Аеродромите Њуарк и Ла Гвардија во Њујорк, О’Хара во Чикаго и Хартсфилд-Џексон во Атланта се особено погодени.

Министерот за транспорт Шон Дафи предупреди во неделата дека продолжувањето на блокадата на буџетот може да ги влоши работите како што се приближува Денот на благодарноста. „Воздушниот сообраќај ќе биде намален на минимум додека сите сакаат да патуваат за да го посетат семејството“, предупреди тој.

Враќањето на воздушниот сообраќај во нормала може да потрае неколку дена по укинувањето на блокадата, сè додека федералното финансирање, вклучително и платите, повторно не се нормализира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ