Путин ги обвини лидерите на НАТО дека дозволиле да се даваат „агресивни изјави“ против Русија. Но Псаки рече дека тоа е веќе познат одговор од рускиот претседател.
„Го видовме како го прави тоа повторно и повторно. Во ниту еден момент Русија не била под закана од НАТО, ниту Русија била под закана од Украина“, изјави таа за Еј-би-си њуз.
„Сето ова е шема за претседателот Путин и ние ќе се спротивставиме на тоа. Имаме способност да се браниме, но исто така треба да го покажеме на виделина она што го гледаме овде од претседателот Путин“, додаде таа.






