среда, 11 февруари 2026

Русите влегоа во Киев, се водат борби на улиците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според украинските власти, Русите влегле во областа Оболон, на 10 км од градскиот центар и парламентарната зграда. Во моментов таму се водат борби.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека на територијата на Оболон во Киев дејствува непријателска диверзантско-разузнавачка група.

[media file=”/files/article/2022/02/25/0-02-05-7aeb723686891e418f69cfe68df8f1ffd04a2f63af63ab9af0e8d25291cae73bc553c91a2419c63b.mp4″]

Украинските власти ги повикаа луѓето да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Оваа област се наоѓа на 10 километри од центарот на Киев.

[media file=”/files/article/2022/02/25/0-02-05-269e091a68d3953c9505c8309b04aa2835c5687a66ae8d3f4198136ccc733dc8f8a6b6a41968d8bc.mp4″]

Украинската војска соопшти дека вооружените сили биле ангажирани во борбите во киевските предградија Димер и Иванкив, каде што напредувале голем број руски оклопни возила.

Во соопштението на официјалната фејсбук-страница на украинските вооружени сили се наведува дека силите „продолжиле да им даваат отпор“ на руските сили северозападно од главниот град.

Во објавата се додава дека војниците го уништиле мостот на границата на реката Тетерив за да спречат понатамошно напредување на руските сили.

Се додава дека војниците сè уште ги држат аеродромите на периферијата на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ