Си-ен-ен пишува дека ја потврдил автентичноста на видеото кое првично беше објавено на Телеграм.
На видеото се гледаат украински војници како ја проверуваат штетата во фабриката и се чини дека едниот му раскажува на другиот како преживеале бидејќи многу од зградите на фабриката се срамнети со земја. Се гледаат и уништени згради, куп скршено стакло, метал и бетон.
Ukrainian Tank factory demolished by Russian missiles in Zhitomir pic.twitter.com/lFOzgMXWDN
— ASB News / MILITARY〽️ (@ASBMilitary) March 5, 2022
„Да ви кажам искрено, денеска навистина се исплашивме“, вели војникот.
Житомир во последните денови е под силен руски напад.






