Руската Федерација се повлекува од меморандумот со САД за принципите на соработка во областа на културата, хуманистичките науки, образованието и медиумите.
Рускиот премиер Михаил Мишустин наредил да се прифати предлогот на руското Министерство за надворешни работи, договорен со федералните извршни власти, да се прекине примената на овој меморандум.
Руското Министерство за надворешни работи добило инструкции да ја извести американската страна за одлуката.
Документот беше потпишан во Москва на 2 септември 1998 година.