Во соопштението објавено попладнево, руските власти соопштија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „високо прецизни напади“ врз „технолошките центри на украинските безбедносни служби и центарот за психолошко војување во Киев“.
„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на релејните станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.
Официјални лица тврдат дека нападите се извршуваат за да се „спречат информатички напади врз Русија“.






