четврток, 12 февруари 2026

Русија: Меѓународната вселенска станица би можела да се урне

Објавено на

часот

Сподели

Дмитриј Рогозин, гласен поддржувач на руската инвазија на Украина, повика на укинување на санкциите бидејќи можат да ја нарушат работата на руските летала кои ја опслужуваат ИСС. „Како резултат на тоа, рускиот сегмент на станицата, кој помага во исправањето на нејзината орбита, би можел да биде погоден, предизвикувајќи структурата од 500 тони да падне во море или на копно“, порача Рогозин на Телеграм.

Објавувајќи карта на локациите каде ИСС би можела да се урне, кажа дека е малку веројатно дека ќе падне во Русија (на картата се гледа појасот каде што би можеле да паднат деловите, според Рогозин).

НАСА претходно објави дека се обидува да најде решение ИСС да остане во орбитата без помошта на Русија.

Роскосмос е одговорен за одржувањето ан ИСС и летовите до неа. вселенската капсула Сојуз, со американскиот астронаут Марк Ванде Хеј и космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, треба да се врати на Земјата од ИСС на 30 март. Германскиот астронаут Матијас Маурер ќе остане на станицата.

Неколку компании во Русија кои се важни за вселенските патувања се погодени од заострените санкции. ИСС е сè постара, но засега нема планови кога ќе биде повлечена од употреба.

Неодамна Роскосмос објави дека ги прекинува испораките на ракетни мотори на Соединетите Американски Држави како одговор на американските санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ