недела, 8 февруари 2026

Ројтерс: Фејсбук привремено дозволува постови за војната во Украина кои повикуваат на насилство врз Русите или смрт на Путин

Објавено на

часот

Сподели

Тоа ќе биде дозволено само во контекст на рускиот напад на Украина, објави британската агенција по увидот во интерни преписки на платформата Мета што е, како што се наведува, привремена промена во политиката на говор на омраза.

Социјалната платформа мета (сопственик на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап) ќе дозволи во некои коментари на нејзините социјални мрежи да се повикува на смрт на Владимир Путин и Александар Лукашенко, во земји како Русија, Украина и Полска.

Повиците на смрт на лидерите на Русија и Белорусија ќе бидат дозволени само ако не содржат повици на други мети или имаат два индикатори, како локација и метод, се наведува во еден од мејловите за неодамнешната промена на правилата на компанијата за насилство и поттикнување насилство.

Компанијата Мета не одговорила веднаш на барањето за коментар, а привремената промена на политиката се однесува на Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Украина и Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ