сабота, 14 февруари 2026

Путин: Доброволците од Блискиот Исток се добредојдени да се борат за Русија против Украина

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот на рускиот Совет за безбедност министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека има 16.000 доброволци на Блискиот Исток што се спремни да дојдат да се борат заедно со силите поддржани од Русија во отцепениот регион Донбас во источна Украина, пренесе ТАСС.

„Ако видите дека има луѓе што сакаат по своја волја, а не за пари, да дојдат да им помогнат на луѓето што живеат во Донбас, тогаш треба да им го дадеме она што го сакаат и да ги сретнеме на половина пат и да им помогнеме да стигнат до борбената зона“, рекол Путин.

Според Путин, Западот исто така не го крие фактот дека испраќа платеници во Украина: „Тие тоа го прават отворено и спротивно на сите норми на меѓународното право“.

Шојгу, исто така, предложил ракетите Џавелин и Стингер од западно производство, кои руската армија ги заплени во Украина, да им бидат предадени на силите на Донбас, пренесе ТАСС.

„Што се однесува на испораката на оружје, особено тоа од западно производство што падна во рацете на руската армија – се разбира, ја поддржувам можноста тоа да им се даде на воените единици на народните републики Луганск и Доњецк“, рекол Путин.

„Ве молам сторете го тоа“, му рекол тој на Шојгу.

Шојгу рече дека руската војска планира да ја зајакне својата западна граница по, како што рече, зголемувањето на западните воени единици на границата со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ