Жртвата била постара личност со постоечки здравствени проблеми и била хоспитализирана во округот Кинг од почетокот на ноември, соопшти министерството. Исто така, забележано е дека лицето „имало јато разни домашни птици во својот двор“.
„Тестирањето во Клиничката виролошка лабораторија на Универзитетот во Вашингтон го идентификувало вирусот како Х5Н5, што е првата регистрирана човечка инфекција со оваа варијанта во светот. Резултатот беше потврден и од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ)“, се вели во соопштението.
Здравствените власти велат дека вкупниот ризик останува низок и дека ниедно друго лице поврзано со овој случај не е позитивно на птичји грип. Службениците продолжуваат да ги следат сите што биле во близок контакт со пациентот за да се исклучи можното пренесување на вирусот од човек на човек.
„Нема докази за пренесување на овој вирус од човек на човек“, додаде министерството.






