понеделник, 9 февруари 2026

Поранешниот грузиски претседател Сакашвили го прекина штрајкот со глад

Објавено на

часот

Сподели

„Го прекинувам штрајкот со глад на 20-от ден“, кажа 54-годишниот Сакашвили, кој беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година и потоа стана еден од лидерите на опозицијата.

Сакашвили им објасни на своите поддржувачи дека сите треба да бидат присебни бидејќи Русија ја нападна Украина.

Грузија, која граничи со Русија и која сака да се придружи на Европската Унија и НАТО, беше мета на руска воена офанзива во 2008 година и тогаш две покраини, Абхазија и Јужна Осетија се отцепија од Грузија.

Поранешниот претседател на Грузија почна штрајк со глад на 21 февруари, три дена пред влегувањето на руската војска во Украина, барајќи подобар пристап до медицинска нега во затворот.

Сакашвили, кој беше уапсен на 1 октомври минатата година по враќањето во Грузија од осумгодишниот егзил во Украина, штрајкуваше со глад 50 дена во знак на протест поради апсењето, врз основа на пресуда од 2018 година за злоупотреба на позицијата.

Поранешниот грузиски претседател, на кој му се судеше во отсуство, тврди дека судењето е политички мотивирано.

Тој по првиот штрајк со глад, на крајот на ноември на судот му кажа дека трпи психолошка тортура, како закани и ускратување на сон.

Организациите за заштита на човековите права ги обвинија тогаш грузиските власти дека користат различни кривични пријави за казнување на политичките неистомисленици и медиумите кои ги критикуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ