недела, 7 декември 2025

Орбан: Украина мора да стане тампон зона

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека во мировниот план на САД за решавање на конфликтот во Украина е откриена отрезнувачка реалност и дека времето е на страната на Русија во конфликтот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој, исто така, нагласи дека руско-европските преговори на високо ниво треба да започнат што е можно поскоро.

Во изјава за германскиот весник Велт ам Зонтаг, Орбан рече дека е време да се остават настрана илузиите и да се соочиме со вистината, и дека единственото долгорочно решение за конфликтот е Украина да биде тампон-зона меѓу Русија и НАТО.

Тој рече дека неговиот прв аргумент е дека што подолго се одолговлекува постигнувањето мир, толку повеќе Украина ќе изгуби луѓе и територија.

Според него, ова може да се избегне „само ако НАТО испрати копнени сили на фронтот, што директно би довело до следната голема европска војна“.

„Второ, Русија ќе биде повторно интегрирана во светската економија во согласност со американските принципи, санкциите постепено ќе бидат укинати, замрзнатите средства ќе се користат за создавање американско-руски инвестициски фондови и ќе се продолжи со работењето“, нагласи унгарскиот премиер.

Неговиот трет аргумент, како што нагласи, е тоа што митот дека Европејците го финансираат конфликтот со руски пари е разбиен.

„Мораме да им признаеме на нашите граѓани дека секое евро што го потрошивме досега и секое евро што ќе го потрошиме во иднина за поддршка на Украина е целосно, 100 проценти, платено од европските граѓани“, изјави Орбан.

Орбан додаде дека сите овие точки укажуваат на потребата веднаш да се започнат европско-руски преговори на високо ниво, а според него, на среден рок, руските ресурси треба да интегрираат повторно во европската економија.

„На долг рок, воениот потенцијал на Европа треба да се зајакне до степен да може да се одбрани од кој било противник во конвенционална војна. Покрај тоа, за да се одржи зголемувањето на вооружувањето во разумни граници, потребно е да се склучи договор за контрола на вооружувањето со Русија“, заклучи Орбан.

Тој оцени дека, како единствено долгорочно решение на конфликтот, Украина треба да продолжи да постои како „тампон држава“ меѓу Русија и НАТО, што, според неговите зборови, некогаш била.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ