понеделник, 9 февруари 2026

ОН: 13 деца меѓу најмалку 136-те убиени цивили во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според Лиз Тросел, портпаролка на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, повредени се уште 400 цивили, меѓу кои 26 деца.

„Ова се само жртвите што можевме да ги провериме, а реалниот биланс веројатно ќе биде многу поголем“, рече Тросел.

Таа додаде дека повеќето од жртвите биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи, како и воздушни напади.

Украинското Министерство за внатрешни работи во неделата објави повисоки бројки, велејќи дека 352 цивили загинале, а 1.684 биле повредени од руската инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ