недела, 7 декември 2025

Обединетите нации ќе ги намалат мировните сили во светот за четвртина поради недостиг на средства

Обединетите нации ќе го намалат бројот на мировните сили во светот за четвртина во наредните месеци поради недостиг на средства, објави синоќа Ројтерс, повикувајќи се на неименувани високи претставници на ОН.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Севкупно, ќе мора да повлечеме околу 25 проценти од нашите постојани мировни трупи, нивната опрема, а ќе биде погоден и голем број цивилен персонал во мисиите низ целиот свет“, рече функционерот, додавајќи дека ќе бидат погодени 11 операции на ОН.

Тој прецизираше дека станува збор за 13.000 до 14.000 војници. Функционерот рече дека идното финансирање на мисиите на ОН од страна на САД останува неизвесно.

Се известува дека финансирањето на мисиите на ОН не е доброволно, а досега САД финансирале околу 26 проценти од потребите на мисиите на ОН, а Кина околу 24 проценти.

САД имаа заостанати уплати во вредност од околу 1,5 милијарди долари пред почетокот на новата финансиска година, а Вашингтон сега должи дополнителни 1,3 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп еднострано откажа околу 800 милиони долари помош за ОН во август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ