недела, 7 декември 2025

Нетанјаху: Израел ќе утврди кои воени сили се прифатливи во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе утврди на кои странски сили ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во Газа за да се обезбеди крај на војната во согласност со планот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Газа, па силите би можеле да вклучуваат војници од Египет, Индонезија и земји од Арапскиот Залив. „Ние ја контролираме нашата безбедност и јасно ставивме до знаење, кога станува збор за меѓународни воени сили, дека Израел ќе утврди кои се неприфатливи за нас, така функционираме и така ќе продолжиме да функционираме“, рече Нетанјаху на состанок на кабинетот.

„Секако, тоа е прифатливо и за Соединетите Држави, а тоа го потврдија нивните највисоки претставници во последните неколку дена“, додаде тој. Израел, кој започна опсада на Газа пред две години и воздушна и копнена војна против Хамас во енклавата по прекуграничниот напад од страна на палестинската милитантна група на 7 октомври 2023 година, сè уште го контролира секој пристап до територијата.

Минатата недела, Нетанјаху посочи дека ќе се спротивстави на каква било улога на турските безбедносни сили во Појасот Газа. Некогаш блиските турско-израелски односи достигнаа нова најниска точка за време на војната во Газа, при што турскиот претседател Таип Ердоган ги критикуваше разорните воздушни и копнени напади на Израел врз малата палестинска енклава.

Државниот секретар на САД Марко Рубио кој го посети Израел со цел зајакнување на кревкото примирје, завчера изјави дека меѓународните сили ќе бидат составени од „земји со кои Израел се чувствува удобно“, но одби да коментира конкретно за турското учество.

Тој додаде дека за идното управување со Газа треба да се дискутира и да се договори, во кое ќе бидат вклучени Израел и партнерски земји, но учеството на Хамас е исклучено.

Рубио подоцна рече дека американските претставници добиваат различни мислења за потенцијалната резолуција на ОН или за меѓународен договор што би овозможил одобрување да се испратат мултинационални сили во Газа и дека тие ќе разговараат за ова прашање денес во Катар.

Администрацијата на Трамп сака арапските држави да придонесат и со средства и со воени сили. Голем предизвик е што Хамас не се обврза на разоружување и, откако прекинот на огнот стапи на сила пред две недели како прва фаза од планот на Трамп од 20 точки, започна насилно справување со групите што ја тестираа неговата моќ.

Нетанјаху денес исто така рече дека Израел е независна земја и ја отфрли идејата дека „американската администрација го контролира и ја диктира безбедносната политика на Израел“. Израел и САД се во партнерски односи, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ