недела, 1 февруари 2026

Макрон се сретна со Путин: Сакам да се избегне војна (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Макрон на рускиот претседател му кажа дека бара „корисен одговор кој би овозможил да се избегне војна и да се изградат темели на доверба, стабилност, транспарентност“.

Путин, пак, истакна дека Русија и Франција ја делат „загриженост околу она што се случува во европската безбедносна сфера“.

„Гледам колку напори актуелниот француски врв и претседателот вложуваат за да ја решат кризата која се однесува на пружање еднаква безбедност во Европа за сериозна историска перспектива“, кажа Путин.

Макрон, кој веројатно повторно ќе се кандидира на претседателските избори во април, се позиционираше како потенцијален медијатор, а француските власти изразија скептичност околу проценката на Вашингтон, Лондон и Брисел дека рускиот напад врз Украина е неминовен.

„Геополитичката цел на Русија очигледно не е Украина, туку разјаснување на правилата на кохабитација со НАТО и ЕУ“, кажа Макрон пред посетата на Москва.

По пристигнувањето во Москва на новинарите им порача: „Разумно сум оптимистичен, но не верувам во спонтани чуда“.

[video:https://youtu.be/zd0Um5HO6zk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ