понеделник, 9 февруари 2026

Интензивни борби, артилериски оган, „падот на Киев е реална можност“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци, пренесува дека во Киев се слуша артилериски оган, а дека во западниот дел на украинската престолнина се водат интензивни борби.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, наведе дека во рок од 3 до 5 минути одекнале пет експлозии близу трафостаница во северниот дел на градот.

Тој додаде дека мостовите во градот се под заштита и специјална контрола, додека руските војници се приближуваат и дека се поставуваат контролни пунктови во близина на стратегиските градски објекти.

„Сегашната ситуација – без претерување – е заканувачка за Киев. Ноќта и раните утрински часови ќе бидат многу тешки“, предупреди Кличко.

Додека стигнуваат информации за стотици жртви од војната, меѓу кои и од гранатирање од кое беше преполовена станбена зграда во Киев и гаѓани мостови и училишта, исто така, имаше сè поголеми знаци дека Путиновата Русија можеби се обидува да ја собори владата на Украина, вели АП. Тоа би било неговиот најсмел потфат досега да ја прекрои светската мапа и да го оживее влијанието на Москва од времето на Студената војна.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=mBaBrX1Tu0w&t=1s autoplay:0]

Шефот на британската одбранбена разузнавачка служба Џим Хокенхал вечерва рече дека руските сили сѐ уште напредуваат кон Киев во обид да ја соборат украинската влада.

„Нивната цел е да го опколат главниот град, да обезбедат контрола над населението и да го сменат режимот. Русија продолжува да изведува воздушни напади низ цела Украина. Во Чернихив и Харков се употребени ракетни лансери“, рече Хокенхал и додаде дека украинските вооружени сили продолжуваат да даваат силен отпор и се фокусирани на одбрана на клучните градови низ Украина.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=FYlg-7AsGlY autoplay:0]

Украинските сили се борат против нападите на руската армија од три страни: Русија, Белорусија и Крим, во воена операција покрената од копно, море и воздух.

Киев го тресат експлозии, семејствата се кријат во засолништата, а украинските власти ги повикуваат жителите да го бранат главниот град.

Рускиот претседател попладнево изјави дека е подготвен за преговори, но во исто време ги повика украинските војници да извршат државен удар и да ја преземат власта зашто „е полесно да се преговара со војниците отколку со наркоманите и нацистите од владата“.

ЕУ и Британија одлучија да ги замрзнат имотите на Путин и Лавров и најавија нов пакет санкции.

НАТО првпат во историјата ги активира своите сили за брза реакција.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=6uGVX6Kzj3w autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ