недела, 7 декември 2025

Илјадници поддржувачи на Орбан маршираа низ Будимпешта: „Не сакаме да умреме за Украина“ (ФОТО)

Илјадници Унгарци се собраа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на својот премиер Виктор Орбан, кој во април би можел да се соочи со најпредизвикувачките избори откако дојде на власт пред 15 години, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Собирот, кој организаторите го нарекоа „марш за мир“ на националниот празник на Унгарија во чест на неуспешното антисталинистичко востание од 1956 година, кое беше задушено од Црвената армија, објавува АП.

Учесниците извикуваа слогани за поддршка на Орбан, ја извикуваа и неговата порака дека Унгарија ризикува да биде директно вовлечена во војната во Украина.

На чело на поворката имаше голем транспарент на кој пишуваше: „Не сакаме да умреме за Украина“.

Толпата, мавтајќи со знамиња со имињата на своите градови и села од целата земја, тргна од мостот Маргарет преку Дунав, со монументалната неоготска зграда на унгарскиот парламент во позадина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ