четврток, 12 февруари 2026

Харадинај: Косово никогаш немало подобра ситуација во однос на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Но, според него, владата не оди напред, пренесуваат приштинските медиуми.

Харадинај кажа дека посредниците изнеле некои многу напредни принципи за Косово: територијален интегритет, суверенитет и уставност.

„Од што се плашиме ако овие нешта ни се загарантирани? Загрижувачко е што Косово не оди напред во дијалогот кога ги има овие три гаранции“, кажа Харадинај.

Според него, пристапот на косовската влада „ја спасува Србија“.

„Нашата власт ја спасува Србија од обврската да каже „да“ или „не“. Премиерот на Косово ја штити Србија со одржување на техничкиот дијалог. Премиерот на Косово не го става (српскиот претседател Александар) Вучиќ во таа ситуација. Признавањето или непризнавањето на Косово за Србија е исто што и ситуацијата со Русија и Украина. Дали сте со Путин или со Западот“, кажа Харадинај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ