понеделник, 5 мај 2025

Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа (ВИДЕО)

Хамас во саботата објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој се наоѓа во Газа откако беше киднапиран од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото момчето се претставува како Едан Александар и наведува дека е во Газа 551 ден. Се прашува зошто е сè уште таму и моли да биде ослободен.

Монтираното видео е објавено пред еврејскиот празник Пасха, кој ја слави слободата. Семејството на Александар издаде соопштение во кое се вели дека празникот нема да биде празник на слободата се додека Едан и другите 58 заложници се во заробеништво во Газа.

Хамас веќе објавуваше видео снимки од заложници кои молат за своето ослободување за време на војната. Израелските власти претходно ги отфрлија снимките како пропаганда наменети за притисок врз нивната влада. Војната трае веќе година и пол.

Хамас ослободи 38 заложници според договорот за прекин на огнот кој започна на 19 јануари. Израелската влада ги продолжи копнените и воздушните напади врз Газа во март, со што го прекрши кревкиот прекин на огнот.

Израелските власти велат дека воената кампања ќе продолжи се додека не се ослободат 59 заложници и додека Газа не се демилитаризира. Хамас инсистира дека само ќе ги ослободи заложниците како дел од договорот за завршување на војната и ги отфрли барањата да го остави оружјето.

САД, Катар и Египет посредуваат меѓу Хамас и Израел.

Војната започна кога милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе, според податоците на израелските власти. Во одмаздата на Израел се убиени повеќе од 50.000 Палестинци во Газа, според здравствените власти на енклавата. Речиси целото население е раселено, а Газа е разрушена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ