понеделник, 8 декември 2025

Грција ја укина забраната за дарување крв од хомосексуалци

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за здравство Танос Плеврис и неговата заменичка Мина Гага вчера потпишаа министерски декрет за нов образец што потенцијалните крводарители мора да го пополнат, пишува грчкиот весник Катимерини.

Новиот документ ги отстранува хомосексуалните дејствија од листата на критериуми што забрануваат дарување крв.

Тој ќе стапи во сила со објавувањето во владиниот гласник.

Постоечкиот документ за крводарителство забрануваше дарување крв од секој маж што имал сексуален однос со друг маж во кој било момент од 1977 година.

Многу земји воведоа контрола на дарувањето крв по епидемијата на СИДА во 1980-тите, кога заразената крв, која ја дарувале корисници на дрога и затвореници, ги контаминирала залихите.

Грција беше една од ретките земји што ја воведоа забраната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ