петок, 6 февруари 2026

Голем јапонски платежен систем ја прекина работата во Русија, Јапонија воведе уште санкции

Објавено на

часот

Сподели

Јапонскиот платежен систем ЈКБ ги прекина операциите во Русија во склоп на економските санкции воведени кон Русија поради нападите на Москва во Украина, објави денеска јапонската новинска агенција Џиџи.

Картичките ЈКБ издадени во Русија од 14 март ќе станат недостапни за користење во странство. Истиот ден картичките на јапонскиот платежен систем издадени во странство ќе станат недостапни за употреба во Русија.

Претходно, јапонските медиуми објавија дека раководителите на компанијата размислуваат само за делумно суспендирање на работењето, насочено кон банките што веќе се на списокот со санкции.

Јапонија денеска соопшти дека го суспендирала имотот на уште 32 лица од Русија и Белорусија како дел од меѓународните санкции против Русија, соопштија министерствата за надворешни работи, финансии и трговија.

Дополнителните санкции насочени кон 20 Руси ги вклучуваат чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, заменик-шефот на кабинетот и прес-секретарот на владата на претседателот Владимир Путин и замениците на претседателот на државниот парламент.

На списокот има и деловни раководители блиски до Путин и неговата администрација, како што се групацијата Волга, Трансњефт, приватната воена компанија Вагнер и УСМ холдингс.

Санкциите вклучуваат 12 белоруски службеници и деловни раководители, претседателот на белорускиот национален олимписки комитет Виктор Лукашенко и 12 организации во Русија и Белорусија.

Јапонија, исто така, забранува и извоз на опрема за рафинерија за нафта во Русија и стока за општа намена во Белорусија, која може да се користи за зајакнување на воените капацитети на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ