недела, 8 февруари 2026

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која го осуди нападот врз Украина

Објавено на

часот

Сподели

Резолуцијата доби поддршка од 141 (од 193) членка, а беше изгласана на крајот на итната седница на Генералното собрание свикана од Советот за безбедност.

Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија се меѓу земјите од регионот што гласаа за резолуцијата.

Пет земји беа против – Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Северна Кореја.

35 држави беа воздржани.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=THDHTlaSb50 autoplay:0]

Стевановиќ: Иако не се согласуваме со сите точки, ја поддржавме резолуцијата

„Република Србија искрено жали за сѐ што се случува во источна Европа, а Русија и Украина се пријателски држави за Република Србија, додека српскиот народ Русите и Украинците ги смета за братски народи“, изјави српскиот амбасадор во ОН Немања Стевановиќ.

„Загубата на секој човек во Украина е вистинска трагедија. Република Србија е посветена на почитување на принципите на територијален интегритет и политичка независност на државите, како еден од основните принципи на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации и акт со кој се гарантира правото на неповредливост на границите“.

„Како посветена на зачувување на суверенитетот и интегритетот на својата територија, Република Србија е посветена и на почитување на територијалниот интегритет на другите суверени држави и, и покрај тоа што не се согласува со сите формулации содржани во резолуцијата, гласаше за резолуцијата“, рече Стевановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ