четврток, 16 април 2026

Европската Унија ѝ ги продолжи санкциите на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија тоа го смета за незаконско и кршење на меѓународното право.

Рестриктивните мерки кои се во моментов на сила вклучуваат увоз на производи во ЕУ со потекло од Крим, како и инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на Крим и Севастопол.

На санкциите на ЕУ подлежат и извоз на одредена стока и технологии на кримски компании или за употреба на Крим во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор.

Останатите мерки на ЕУ кои се на сила како одговор на кризата во Украина вклучуваат економски санкции насочени на одредени сектори на руската економија и поединечни рестриктивни мерки.

Санкциите за првпат без воведени во јуни 2014 година како одговор на ЕИ на наводниот обиди на Москва за намерно поткопување на територијалниот интегритет на Украина и дестабилизацијата на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ