сабота, 7 февруари 2026

ЕУ за првпат по војната во Југославија применува ново правило за Украинците

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 400.000 украински бегалци досега влегле во ЕУ, изјави комесарката на ЕУ за внатрешни работи Илва Јохансон по посетата на граничниот премин меѓу Романија и Украина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ побараа од неа да подготви предлози за придвижување на директивата на ЕУ за привремена заштита, која беше составена по војните на Балканот во деведесеттите години од минатиот век, но до сега не беше користена.

Осмислена да се бави со масовни пристигнувања на раселени лица во Унијата, директивата го предвидува истото ниво на заштита во сите држави на ЕУ, вклучувајќи дозвола за престој и пристап до вработување и социјална заштита.

Јохансон кажа дека се надева дека министрите за внатрешни работи на ЕУ до четврток ќе се сложат околу шемата на заштита за оние кои бегаат од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ