петок, 6 февруари 2026

ЕУ, САД, Германија, Франција, ОН… го осудија нападот на Русија врз Украина

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел остро ја осудија руската воена агресија врз Украина во четвртокот и најавија нови санкции против Руската Федерација.

„Силно ја осудуваме руската воена агресија без преседан врз Украина. Со неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија грубо го крши меѓународното право и ја поткопува европската и глобалната безбедност и стабилност“, порачаа Фон дер Лајен и Мишел во заедничката изјава.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го опиша рускиот напад врз Украина утрово како прекршување на меѓународното право, а во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изрази солидарноста на Германија.

„Во ова тешко време, ви гарантирам целосна солидарност на Германија“, рече Шолц во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Реагирајќи на инвазијата што Западот ја очекуваше со недели, американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите молитви се со народот на Украина „додека претрпуваат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“.

Украинската гранична служба објави дека земјата е нападната на северните граници со Русија и Белорусија и дека украинските сили возвраќаат.

Украинското Министерство за внатрешни работи извести дека градот Шчастија, кој беше под контрола на украинската влада, сега е под контрола на сепаратистите.

Украинските граничари соопштија дека земјата е нападната и од правец на Крим, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ