недела, 7 декември 2025

Џорџа Мелони се соочува со обвинение од Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека против неа и уште двајца министри е поднесено обвинение до Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јас, министерот Кросето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на обвинение од МКС за соучество во геноцид“, рече таа за време на телевизиска програма, чии извадоци беа објавени во медиумите.

„Не мислам дека постои друг случај со вакво обвинение во светот или во историјата“, додаде италијанската премиерка.

Леонардо е италијанска група за аеронаутика и одбрана.

Тужбата, со датум 1 октомври, е составена од група која се нарекува себеси „Адвокати и застапници за Палестина“ и е потпишана од околу педесет лица, вклучувајќи професори по право, адвокати и неколку јавни личности.

„Со својата поддршка за израелската влада, особено преку снабдување со смртоносно оружје, италијанската влада стана соучесник во тековниот геноцид и сериозните воени и злосторства против човештвото извршени против палестинското население“, рекоа авторите на тужбата.

Тие бараат од МКС да разгледа отворање формална истрага за нивната тужба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ