среда, 11 февруари 2026

Додик го отфрли пишувањето на сараевските медиуми: Конфликтот во Украина не е сличен на граѓанската војна во БиХ

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека медиумите и одделни политичари во Федерацијата БиХ се трудат да докажат дека станува збор за „речиси ист вид на конфликт“.

Според него, ниту се истите причини, ниту поводот за конфликтот е ист.

„Меѓутоа, она што е исто толку неверојатно е количеството пропаганда на која се изложени жителите на БиХ, токму како што беа изложени во деведесеттите години на минатиот век, со што по кој знае кој пат се оправда тезата дека вистината е таа која прва страда во секоја војна“, кажа Додик.

Тој укажа и дека е иста и сатанизацијата на еден народ, во овој случај рускиот, што Србите во војната добро го искусиле и против што и денес, 30 години подоцна, мораат да се борат.

„Изгледа дека некој во БиХ верува дека со повлекувањето паралели меѓу Украина и БиХ ќе ќари некоја политичка корист која би им ја обезбедил некој од страна, со интервенционизмот кој тука никогаш не престана. Ќе морам да ги разочарам – проблемите во БиХ се од политичка природа, не се од вчера и ќе мора да се решаваат само со политички и правни средства и тоа ќе мора да го направат домашните политички актери“, порача Додик.

Тој повтори дека од почетокот на конфликтот во Украина се залага за неутрален став и дека смета дека тоа е најдобриот став кој БиХ би можела да го заземе, со желба оружјето во Украина што побрзо да замолкне и страните во конфликтот што побрзо да се договорат.

„Навивањето во секоја војна е неморално и ненормално, а за малите заедници како БиХ е и штетно. Последиците од конфликтот во Украина економски веќе се чувствуваат во БиХ. Јас би сакал тие последици долгорочно да бидат помали“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ