понеделник, 9 февруари 2026

Белорусија: Нема да се вклучиме во инвазијата со Русија, но ги ротираме силите на границата

Објавено на

часот

Сподели

Во петокот висок украински безбедносен функционер ја предупреди Белорусија да не испраќа војска во Украина поради стравувањата дека Белорусија планира да им се придружи на руските оружени сили. Гулевич денес негираше дека има планови за вклучување во инвазијата на Украина.

„Сакам да истакнам дека префрлањето на трупите на никој начин не е поврзано со (каква било) подготовка, а особено не со учество на белоруските војниви во специјалната воена операција на територијата на Украина“, кажа тој.

Украина вчера обвини дека руски авиони пукале во белоруски погранични села од украинскиот воздушен простор за да се овозможи изговор за офанзива. Наводните напади се случиле додека белорускиот лидер Александар Лукашенко се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ