Радиото е основано за време на Студената војна за ширење западна пропаганда меѓу жителите на комунистичките земји. Медиумот со седиште во Прага емитува програма во Источна Европа, вклучувајќи ги Украина и Русија.
„Оваа одлука е дел нашите постојани настојувања да ги поддржиме новинарите и независните медиуми“, соопшти шведската влада.
Трамп во март нареди прекин на финансирањето во рамки на напорите за намалување на непотребните трошоци на администрацијата.
Американски окружен судија привремено ја блокираше забраната, но сојузниот апелациски суд ја потврди во мај.