„Русија во моментов не е во состојба сама да ја победи Украина, значи не би била веднаш спремна за поширока офанзива. Ако Украина биде натерана на капитулација, кога Русија на пример би ги презела луѓето на Украина и нејзината армија, најголемата на оваа страна на Европа, тогаш таа пресметка би изгледала поинаку“, кажа Шикорски за полското радио ТОКФМ.
Полскиот министер за надворешни работи кажа дека Полска и Европа треба да бидат спремни дека Русија „ќе ја врати способноста за нова агресија до крајот на оваа деценија“.
„Најважно е Украина да опстане како земја која сама ги бира своите лидери, контролира огромно мнозинство од својата територија и ја бира насоката на своите интеграции“, оцени Шикроски.
Тој смета дека сегашните преговори за примирје се во интерес на Украина и изрази надеж дека ќе биде договорено примирје.
„Украинците сметаат дека извесно стоплување на односите со Русија може ќе им користи на преговорите. Но, да имаме предвид дека Украина не е беспомошна жртва на агресија. Украина се бори и има сојузници, меѓу нив и Европската Унија и Полска“, кажа шефот на полската дипломатија.