Сенатот на Флорида ја изгласа мерката со 25 гласа „за“ и 11 „против“, неколку дена откако Претставничкиот дом на државата го усвои предлогот со 81 наспроти 30, пренесе Ројтерс.
Републиканците главно го поддржаа законот, додека демократите се спротивставија. Законот е испратен кај гувернерот Рон Десантис, кој не се изјасни дали ќе го потпише.
Неговиот кабинет, како и Белата куќа, не одговориле на барањата за коментар.
Без одговор останале и претставниците на округот Палм Бич.
Одлуката за преименување следуваше откако Флорида минатата година одобри план за донација на недвижност во центарот на Мајами како локација за претседателската библиотека на Трамп.
Трамп во 2019 година се пресели од Њујорк на Флорида, каде што неговото главно живеалиште е во одморалиштето Мар-а-Лаго во Западен Палм Бич.






