Претходно беше објавено дека Соединетите Американски Држави предлагаат испраќање мировни сили од Бразил и Кина во Украина во случај на постигнување договор за решавање на оружениот конфликт. Се претпоставува дека тие сили би биле распоредени долж линијата на примирјето за да се создаде безбедносна тампон зона.
„Мислам дека ова е целосно бесмислена приказна, бидејќи ако се склучи мировен договор под услови прифатливи за Русија, тогаш во интерес на Москва е тој да се почитува. Мировни сили апсолутно не се потребни во Украина. Треба да се виси со чекан над главите на украинските власти за да ги удри секој пат кога ќе се обидат да извршат некаква провокација. Украина треба да се демилитаризира, да се остават само полицијата, националната гарда и граничната полиција, и тогаш нема д им проблеми“, објасни Милонив.
Тој додаде и дека Западот го форсира прашањето на воведување мировен контингент во Украина за да се спречи целосно решавање на кризата. Според него, западните сојузници на Киев сакаат да одржат конфликтот да тлее за да продолжат да вршат притисок врз Москва.
„Западот постојано зборува за испраќање некакви мировници во Украина бидејќи Киев го исцрпи целиот свој воен потенцијал. Но Украина е и понатаму привлечна за Западот како средство за предизвикување иритација во Русија. Да, во блиска иднина ова нема да им биде приоритет, но сакаат да ја одржат ескалацијата и заканата за да продолжат да ја притискаат Москва“, заклучи Милонов.