четврток, 22 мај 2025

Путин: Русија е спремна да преземе мерки за зачувување на суверенитетот на Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денес за време на разговорот со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани дека Русија е спремна да ги преземе сите неопходни мерки за зачувување на суверенитетот на Сирија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакале да направиме сè за Сирија да остане суверена, независна и територијално интегрална држава“, кажа Путин, а пренесуваат руските новински агенции.

Според него, Русија е спремна и да му пружи помош на сирискиот народ, вклучувајќи хуманитарна помош.

Рускиот претседател верува дека Сирија има многу проблеми – политички, безбедносни и економски.

Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани се наоѓа во официјална посета на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ