недела, 7 декември 2025

Премиерот на Грузија: Опозицијата ќе добие остар одговор, никој нема да остане неказнет

Грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе денеска повтори дека „остро ќе одговори“ на опозицијата по протестите поради вчерашните локални избори.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите се обидоа да влезат во претседателската палата, но беа спречени од полицијата.

„Неколку лица веќе се уапсени, првенствено организаторите на обидот за соборување на владата“, изјави премиерот за новинарите.

„Никој нема да остане неказнет“, изјави Кобахиѕе.

Тој вчера изјави и дека ќе ги попречи револуционерните цели на оние кои повикуваат на протести, додавајќи дека целите на опозицијата се осудени на неуспех.

Во Грузија вчера беа бојкотирани локалните избори, што опозицијата имаше намера да го искористи за мобилизирање на населението на улиците, ризикувајќи да се соочи со нов бран репресии и апсења.

Локалните избори беа бојкотирани од неколку опозициски партии, вклучувајќи го и Обединетото национално движење на поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој самиот ги повика своите поддржувачи да излезат на улица.

Но, за владејачката партија „Грузиски сон“, контролирана од милијардерот Бидзина Иванишвили, гласањето претставува прв изборен тест од политичката криза предизвикана од парламентарните избори во октомври 2024 година, на кои тој победи.

По тие парламентарни избори, чии резултати опозицијата ги прогласи за наместени, следеа месеци на жестоко потиснати протести во оваа кавкаска земја меѓу Турција и Русија, чија влада е обвинета за приближување кон Москва со низа репресивни закони.

Околу 60 лица – лидери на опозицијата, новинари и обични активисти – беа уапсени минатата година, покажуваат податоците на невладините организации за човекови права, кои сметаат дека денешните локални избори претставуваат повеќе од обична обнова на локалните избраници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ