По еден од најбурните денови во модерната историја на британското кралско семејство, поранешниот принц Ендрју повторно е на имотот Сандрингем, каде што привремено престојува.
Завршен е претресот на неговото тековно живеалиште, а се претресува и резиденцијата Ројал лоџ (Кралска вила), која се наоѓа во парк близу замокот Виндзор, резиденцијата на британскиот монарх.
Неговиот брат, кралот Чарлс Трети, поради поврзувањето со Епстин му ја одзеде титулата принц и правото да живее во Ројал лоџ.
Автомобили без регистарски ознаки, за кои се верува дека се полициски, влегувале и излегувале од резиденцијата во текот на целиот ден.
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е обвинет дека споделувал со Епстин доверливи информации додека бил трговски претставник.






