„Никако, и тоа не е напишано во договорот“, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот профил на Телеграм, одговарајќи на прашањето дали „прифатил палестинска држава“.
„Едно нешто беше јасно ставено до знаење (во разговорот со Трамп): ние цврсто ќе се спротивставиме на палестинска држава“, додаде Нетанјаху.
Планот за Газа што го презентираше Трамп предвидува дека, на крајот, „конечно би можеле да се исполнат условите за отворање на кредибилен пат кон самоопределување и воспоставување палестинска држава“.






