„За да го вратат НАТО на политичката сцена, по авганистанскиот дебакл, беше потребен обединувачки непријател. Решение беше оживување на студената војна, само што сега постои поголем ризик таа да премине во топла фаза“, им кажа Лавров на учесниците на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) на Малта.
Шефот на украинската дипломатија Андреј Сибига претходно денес го нарече Лавров воен злосторник.
Сергеј Лавров денес допатува на Малта, во прва посета на некоја земја од Европската Унија од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година.
Рускиот министер за надворешни работи, кој е под санкции на ЕУ, не ја посетил Унијата од патувањето во Стокхолм во декември 2021, исто така на состанок на ОБСЕ.