Подолго време се шпекулира дека Кремљ можеби нема да почне отворена воена инвазија, туку ќе се користат тактики на хибридно војување – кибернетички напади, ширење дезинформации и напади на клучна инфраструктура, како подморски кабли. Можностите се бројни. Русија би можела да ја „тестира цврстината на НАТО сојузот“ и преку ограничени територијални упади, смета генерал-полковникот Јоаким фон Сандрарт, поранешен командант на мултинационалниот корпус Североисток во Полска.
Одбраната на НАТО се заснова на принципот на колективна одбрана од членот 5 од основачкиот договор, според кој напад на една членка претставува напад на сите.
Лавров за руски Комерсант кажа дека е „опасно кога фашисти управуваат со територии кои секогаш му припаѓале исклучиво на Руското Царство и Советскиот Сојуз“. Според ИСВ, таквите изјави покажуваат дека Кремљ независните земји кои некогаш биле под власта на Москва и понатаму ги смета за дел од Русија.
ИСВ потсетува дека Естонија, Летонија и Литванија, трите балтички земји на источниот раб на НАТО, како и Молдавија биле дел од поранешното Руско Царство и Советскиот Сојуз. Молдавија денес е во преговори за пристапување во Европската Унија. Финска, една од најновите членки на НАТО, исто така била под руска власт во 19 век. Значителен дел од Полска исто така некогаш бил дел од Русија.
Лавров во истото интервју за Комерсант повторно кажува дека „фашисти раководат со земји кои никогаш не припаѓале никому освен на Руското Царство и СССР“ и ги обвинува дека прават „одвратни нешта“. Балтикот и Полска предводат меѓу членките на НАТО кои трошат огромни пари за војските. Целта е да се зајакне сопствената одбрана и на тој начин да се одврати Москва од моќни напади, тврди ИСВ.