Велдкамп ова го изјави по денешните консултации со европските колеги во Брисел.
„Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеење на правото во Србија“, кажа Велдкамп во изјавата која ја пренесуваат холандските медиуми. „Истовремено гледаме недоволен напредок во односите на Белград и Приштина. И Србија има јасна одговорност. Гледаме дека Србија не ја усогласува својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ“, кажа шефот на холандската дипломатија.
Министрите за надворешни работи на земјите членки утре во Брисел ќе ги продолжат консултациите за напредокот на земјите кандидати на патот на интеграција во Европската Унија. Велдкамп кажа дека сака да увери и други влади во Европа да го заземат истиот став за Холандија да не е сама. „Сега навистина сакаме да извршиме притисок врз Србија“, кажа Велдкамп.
Тој додаде дека смета дека е важно што ЕУ дава важност на развојот на владеењето на правото за да се спречи „загрижувачкиот развој на настаните“ во Унгарија и Словачка и да се зајакне, а не да се ослаби ЕУ.
Така што навистина очекуваме повеќе чекори од Србија во следниот период, заклучи Велдкамп.