недела, 7 декември 2025

Фицо: Словачка никогаш нема финансиски да ги покрива воените трошоци на Украина

Словачка обезбедува хуманитарна помош за Украина, но никогаш нема да се согласи да издвојува средства од својот буџет за покривање на воените трошоци на Киев, изјави премиерот на земјата Роберт Фицо, пренесува РИА Новости.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Фицо рече дека Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки издвоиле 177 милијарди евра за Украина од почетокот на конфликтот.

„Словачка, исто така, обезбедува помош, но исклучиво хуманитарна. Како премиер, се придржувам до принципот дека Словачка никогаш нема финансиски да ги покрие воените трошоци на Украина“, нагласи тој во видео порака на Фејсбук и повтори дека словачката влада, под негово водство, нема да издвои „ниту еден цент“ за такви цели.

Белгискиот премиер Барт де Вит успеа да го омекне ставот на Советот на ЕУ за користењето на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, со што заемот од 140 милијарди евра на ЕУ беше доведен во прашање.

Белгија, една од шесте земји-основачи на ЕУ, успеа значително да ја омекне формулацијата објавена на самитот во Брисел, па одлуката за користење на руски имот се одложува до понатамошно известување, пренесува Политико.

Де Вивер е десничарски фламански националист кој е под притисок дома и тврди дека операцијата носи огромни финансиски и правни ризици за Белгија, каде што се наоѓа поголемиот дел  од рускиот имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ