недела, 21 декември 2025

Две лица се убиени во напад со автомобил и нож пред синагога во Манчестер (ВИДЕО)

Две лица се убиени а две лица се потешко повредени во напад со автомобил и нож на влез во синагога во Манчестер во Британија, соопшти локалната полиција, додавајќи дека напаѓачот е убиен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата била повикана во синагогата околу 9:31 часот по локално време, а очевидецот кој ја повикал полицијата кажал дека видел автомобил како влетал во толпата и дека еден човек е избоден.

Две лица им подлегнале на повредите од возилото и убодните рани, соопшти полицијата, пренесува Би-би-си.

Објавено е дека осомничениот вооружен човек кој бил застрелан од полицијата е мртов, според градоначалникот на Манчестер Енди Бернам.

Инцидентот се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ