недела, 7 декември 2025

Дрон предизвика доцнења и пренасочувања на летови на аеродром во Берлин

Дрон виден во близина на аеродром во Берлин во петокот вечерта предизвика доцнења и пренасочувања на летови, соопштија властите.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Поради дронот, летовите за Базел, Осло и Барселона не можеле да полетаат, додека летот од Лондон за Берлин бил пренасочен во Хамбург. Летовите од Стокхолм, Анталија и Хелсинки кон Берлин исто така биле пренасочени.

Портпаролката на полицијата изјави дека сведок забележал дрон во близина на аеродромот Берлин Бранденбург, а полицајците на патрола подоцна исто така го забележале.

„Дронот моментално повеќе не лета“, изјави портпаролката на полицијата на Бранденбург во Потсдам. Таа додаде дека не биле во можност да го лоцираат.

Инцидентите со дронови сè повеќе го нарушуваат работењето на германските аеродроми. На почетокот на октомври, дрон од непознато потекло накратко го запре сообраќајот во Минхен, вториот по големина аеродром во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ