вторник, 9 јуни 2026

Брисел крие која земја се спротивставила на бугарската евро-монета за „бугарската азбука“

Непозната членка на Европската Унија поднела приговор на предлогот на Бугарија за специјална комеморативна монета од две евра посветена на „бугарската азбука“, а Советот на Европската Унија одбива да открие за која држава станува збор, повикувајќи се на доверливоста на процесот на одлучување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата беше откриена откако холандскиот новинар Рик Јарсма објави документи од Советот на ЕУ, во кои се наведува дека една земја-членка поднела формален приговор на дизајнот на бугарската комеморативна монета од две евра. Според документите, приговорот бил поднесен во рамките на постапката за одобрување на националните дизајни на евро-монетите, но идентитетот на државата е скриен.

Советот на ЕУ, пак, одбил да го објави името на земјата, наведувајќи дека таквиот потег би можел да го наруши „мошне чувствителниот процес на донесување одлуки“.

Засега не е познато ниту која е причината за приговорот. Во објавените документи нема објаснување дали спорот се однесува на самиот назив „бугарска азбука“, на дизајнот на монетата или на некој друг елемент од предлогот.

Бугарија од 1 јануари 2026 година стана 21. членка на еврозоната и почна да ги користи евро-монетите со свои национални мотиви. На нив веќе се наоѓаат натписи на кирилица, вклучително и „Бугарија“ и „евро“, што е во согласност со правилата на Европската Унија.

Според достапните информации, поради поднесениот приговор предложениот дизајн на комеморативната монета не може да биде реализиран во сегашната форма. Не е познато дали Бугарија ќе предложи нов дизајн или ќе се обиде повторно да ја помине процедурата со изменет предлог.

Иако на социјалните мрежи веќе се појавија шпекулации за тоа која земја стои зад приговорот, ниту Советот на ЕУ ниту други европски институции досега не ја откриваат нејзината идентификација, а во официјалните документи таа информација останува затскриена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ