понеделник, 28 април 2025

Американскиот државен секретар пристигнува во Саудиска Арабија од Израел

Рубио е на својата прва блискоисточна турнеја откако ја презеде функцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на американската дипломатија во Ријад треба да се сретне со саудиски претставници за да разговараат за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Појасот Газа, разорена по повеќе од 15 месеци војна.

Предвидено е тој да се сретне и со руските претставници во Ријад за да разговара за завршување на војната во Украина.

На Рубио во овие разговори му се придружуваат американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф.

Рубио во Ријад ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и помошникот за надворешна политика на претседателот, Јуриј Ушаков, кои денеска ќе отпатуваат за Саудиска Арабија. Во саботата Рубио телефонски разговарал со Лавров.

Киев не е поканет на разговорите во Саудиска Арабија, изјави за Би-би-си овој викенд извор од украинската влада.

Но вчера американскиот претседател Доналд Трамп рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде вклучен во процесот.

Трамп вчера изјави и дека очекува наскоро да се одржи неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, со кого телефонски разговараше минатата недела. Трамп минатата недела изјави дека имал долг и многу продуктивен телефонски разговор со Путин за завршување на војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ