недела, 7 декември 2025

Амазон криел колку вода троши, сега протекоа вистинските бројки

Соочени со фактот дека нивните центри за податоци трошат повеќе вода од еден голем американски град, раководителите на Амазон се одлучиле за прикривање на податоците наместо за транспарентност. Според протечен интерен документ, менаџментот на компанијата активно работел на сокривање на „вистинскиот обем“ на вџашувачкото количество потрошена на вода, пишува Футуризм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Што открива интерниот меморандум

Меморандум од 2022 година, до кој дошол Гардијан и истражувачката непрофитна организација Сорс материјал, открива дека Амазон користел фантастични 105 милијарди галони вода во 2021 година. Тоа количество е еднаква на годишната потрошувачка на 958.000 американски домаќинства, односно „град поголем од Сан Франциско“, како што е наведено во самиот документ.

„Креативно сметководство“ за маркетинг кампања

И покрај тие бројки, пред својата маркетинг кампања „Позитивна вода“ во ноември 2022 година, Амазон јавно објави потрошувачка од само 7,7 милијарди галони годишно. Огромната разлика директорите интерно ја правдале велејќи дека станува збор за „секундарни извори на вода“, односно вода што се користи за производство на електрична енергија потребна за работењето на нивните центри за податоци кои бараат многу енергија.

Двата медиуми наведуваат дека ова „креативно сметководство“ е спроведено со цел да се намали „ризикот за репутацијата“ и да се избегне негативен публицитет. Документот дури и ги разгледувал можните негативни наслови доколку се открие вистината, како на пример: „Амазон ја крие својата потрошувачка на вода“.

Растот на потрошувачката и одговорот на компанијата

Од 2021 година, мрежата на центри за податоци на Амазон значително се прошири. Иако компанијата не објавува детали за проширувањето, во последните неколку години инвестира десетици милијарди долари во нови објекти, што сугерира дека потрошувачката на вода само расте.

Во изјава за Гардијан портпаролот на Амазон кажал дека меморандумот „целосно погрешно ја претставува моменталната стратегија за вода на Амазон“. Тој додаде дека документот од 2022 година сега е „застарен“, но одбил да разјасни што точно е застарено во него и зошто.

Моќ без надзор

Како убедливо најголем оператор на центри за податоци во светот, Амазон нема никаква обврска според американскиот закон јавно да ги објавува овие податоци. Компанијата вредна 2,4 трилиони долари никогаш доброволно не го открила целиот обем на својата потрошувачка на вода и веќе била критикувана во 2024 година за погрешно претставување на секундарната потрошувачка.

За жал, ова е позната приказна: огромните корпорации кои ја исцрпуваат планетата немаат вистински мотрив да ги откријат сите начини на кои ги експлоатираат нејзините ресурси за профит.

Антимонополскиот новинар Бери Ц. Лин вели за Вокс дека Амазон и слични технолошки компании имаат моќ споредлива со „апсолутните монарси“, тврдејќи дека тие создаваат пречки за демократско управување и еднакви можности.

Тажен е фактот дека во системот на монополски капитализам без демократски надзор, неколку случајно протечени документи можат да бидат единственото нешто што стои помеѓу јавноста и целосното незнаење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ